Европските лидери во Тирана едногласни: Ставот на Русија кон преговорите со Украина е неприфатлив

24
epa12106366 (L-R) Poland's Prime Minister Donald Tusk, Germany's Chancellor Friedrich Merz, France's President Emmanuel Macron and UK Prime Minister Keir Starmer attend the 6th European Political Community (EPC) Summit in Tirana, Albania, 16 May 2025. The meeting brings together leaders from across the continent under the theme 'New Europe in a new world: unity - cooperation - joint action'. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Европските лидери се согласија со претседателот на САД Доналд Трамп дека ставот на Русија за разговорите за прекин на огнот во војната против Украина е неприфатлив и имаат намера да координираат заеднички одговор, изјави денес британскиот премиер Кир Стармер.

Стармер го изјави тоа во Тирана, каде што се собрани лидерите на десетина европски држави на самиот на Европската политичка заедница и каде што присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Русија и Украина денеска во Истанбул ги остварија првите директни мировни преговори од почетокот на војната во 2022 година, а траеја помалку од два часа, според соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција и Украина.

Киев вели дека Кремљ вовел нови „неприфатливи барања“ меѓу кои и повлекување ан украинските сили од поголем дел од нејзината територија, според украинскиот фунционер.

Зеленски претходно рече дека Украина е посветена на прекин на војната, но ги повика десетината европски лидери да ги засилат санкците против рускиот енергетски сектор и банките ако рускиот претседател Владимр Путин продолжи „со преговорите да купува време“.

Стармер го поддржа неговиот став, истакнувајќи во говорот на самитот во Тирана дека „Русија одолговлекува и игра игри“.

„Мораме да бидеме подготвени да ги спроведеме рабоите на дело бидејќи ако Русија не седне на преговарачка маса, Путин ќе мора да ја плати цената“, наведе тој.

Шефицата на Европската унија за надворешна полтика и безбедност Каја Калас рече исто така дека Путин игра игри, што покажува дека не се сериозни во врска со мирот“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека е јасно дека „Зеленски беше подготвен на состанок, но Путин не дојде што го покажува неговиот вистински став“.

Таа рече дека ЕУ подготвува нов пакет санкции, насочени кон флотата на товарните бродови кои Русија ги користи да ги заобиколи меѓународните санкции и на конзорциумот на гасоводот Северен тек.

Италијанската премеирка Џорџа Мелони нагласи дека напорите за постигнување договор за Украина мора да продолжат.

ИЗДВОЕНИ