Европските лидери во посета на Киев за непоколеблива поддршка на Украина: Ќе го зголемиме притисокот врз Русија

20
Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерите на Велика Британија и Полска – Кир Стармер и Доналд Туск, пристигнаа во посета на Киев за да ја покажат нивната “непоколеблива” поддршка за Украина и да го потврдат апелот на САД за „целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот”, пренесува Хина.

Патувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, полскиот премиер Доналд Туск и британскиот премиер Кир Стармер е првпат лидерите на четири европски нации заедно да ја посетат Украина.

Овој високо симболичен израз на европското единство дојде повеќе од три години по руската инвазија и еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин упати пркосен тон на парадата во Москва по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи 30-дневно безусловно примирје како чекор кон прекин на конфликтот. Но, Путин се спротивстави на предлогот. „Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, рекоа лидерите во изјава пред нивната посета.

„Подготвени сме што е можно поскоро да ги поддржиме мировните преговори, да разговараме за техничката имплементација на прекинот на огнот и да се подготвиме за сеопфатен мировен договор“, додадоа тие.

ИЗДВОЕНИ