четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Европските држави почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор, соопшти...

Европските држави почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор, соопшти германскиот канцелар Мерц

15
epa12584493 German Chancellor Friedrich Merz speaks during a news conference after coalition talks in Berlin, Germany, 11 December 2025. EPA/CLEMENS BILAN

Европските држави почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор што би ги надополнил постојните безбедносни договори со Соединетите Американски Држави, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, во услови на зголемени дискусии во Германија за развој на сопствена нуклеарна одбрана, објави „Хина“.

Зборувајќи во време кога американскиот претседател Трамп ги доведува во прашање традиционалните сојузи, Мерц рече дека разговорите се само во почетна фаза и дека сè уште нема одлука на повидок.

„Знаеме дека треба да донесеме голем број стратешки и воено-политички одлуки, но сега не е време“, им рече тој на новинарите во четврток.

На Германија ѝ е забрането да развива сопствено нуклеарно оружје според таканаречениот договор „Четири плус два“, кој го отвори патот за повторно обединување на земјата во 1990 година и според Договорот за неширење на нуклеарно оружје што Германија го потпиша во 1969 година.

Мерц рече дека договорните обврски на Германија не ја спречуваат да разговара за заеднички решенија со партнери, вклучувајќи ги Велика Британија и Франција, единствените европски сили со нуклеарни арсенали.

„Овие дискусии се во тек. Тие исто така не се во спротивност со заедничкото нуклеарно одвраќање со Соединетите Американски Држави“, рече тој.

Европските земји долго време се потпираа на Соединетите Американски Држави за одбрана, вклучувајќи го и нивниот голем нуклеарен арсенал, но оттогаш ги зголемија своите воени трошоци, делумно како одговор на острите критики од администрацијата на Трамп.

Трамп ги вознемири европските сојузници со својата намера да го преземе Гренланд од сојузникот на НАТО, Данска, и заканата, која подоцна беше повлечена, за воведување тарифи на земјите што му стојат на патот.

Тој, исто така, во минатото сугерираше дека САД нема да помогнат во заштитата на земјите што не трошат доволно за сопствена одбрана.

ИЗДВОЕНИ