Европските берзи стагнираат, се очекува ФЕД да ги намали каматните стапки

11

Европските акции останаа непроменети, додека инвеститорите со нетрпение очекуваат Федералните резерви на САД (ФЕД) да ги намалат каматните стапки за четвртина процентен поен.

Индексот на европските берзи STOXX 600 се задржа на нивото од 575,66 поени.

Секторот на рударство забележа раст од 1,7%, додека здравствениот сектор додаде 0,4%. Од друга страна, телекомуникацискиот индекс се намали за 1%, а комуналните претпријатија изгубија 0,6%.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега, Шји Џинпинг, треба да се сретнат во Јужна Кореја во четврток, што дополнително ќе влијае врз пазарната динамика.

„Мерцедес-БенЦ“ се зголеми за 6,4% поради подобри од очекуваните профитни маржи во автомобилскиот сектор. УБС доби 1,6% откако банката објави раст на нето-добивката од 74% во третиот квартал. “Дојче банк“ порасна за 2,6%, надминувајќи ги прогнозите со зголемување на добивката за 7%. „Еквинор“ забележа пад од 1,2%, откако енергетската група пријави пониска добивка од очекуваното.

Инвеститорите внимателно ги следат резултатите на „Мајкрософт“, „Алфабет“ и „Мета платформс“, трите од таканаречените „седум величествени“ компании, кои треба да ги објават своите квартални резултати оваа недела.

 

 

ИЗДВОЕНИ