Европскиот суд за човекови права во Луксембург денеска ја потврди одлуката на Европскиот парламент францускиот политичар од крајната десница, Жан-Мари Ле Пен, да врати 303.201 евро.
Ле Пен, кој почина во јануари оваа година, беше пратеник во Европскиот парламент од 1984 до 2019 година. Според пресудата, во текот на својот мандат, тој неправилно пријавувал лични трошоци како парламентарни издатоци. Француските медиуми известуваат дека барал надоместок за разни набавки, вклучувајќи вино, ВР-очила, пенкала, вратоврски и кујнски ваги. Минатата година тој вложи жалба на одлуката за враќање на парите, а судот денеска ја отфрли и одлучи неговите наследници да ја исплатат наведената сума.
Оваа најнова пресуда е дел од низата постапки и одлуки против семејството Ле Пен во врска со европските средства. Жан Мари и неговата најмлада ќерка, Марин, која ја наследи неговата партија и неколку пати се кандидираше за претседател на Франција, повеќе пати биле задолжени да вратат неправилно примени исплати. Во друг случај, Марин Ле Пен, која беше членка на Европскиот парламент од 2004 до 2019 година, во март беше осудена од судот во Париз за проневера на средства на ЕУ, за што вложи жалба.
Н: Жан Мари Ле Пен, како европратеник, проневерил 303.201 евро, наследниците треба да ги вратат
Европскиот суд за човекови права во Луксембург вчера ја потврди одлуката на Европскиот парламент францускиот политичар од крајната десница, Жан-Мари Ле Пен, да врати 303.201 евро.
Ле Пен, кој почина во јануари оваа година, беше пратеник во Европскиот парламент од 1984 до 2019 година. Според пресудата, во текот на својот мандат, тој неправилно пријавувал лични трошоци како парламентарни издатоци. Француските медиуми известуваат дека барал надоместок за разни набавки, вклучувајќи вино, ВР-очила, пенкала, вратоврски и кујнски ваги. Минатата година тој вложи жалба на одлуката за враќање на парите, а судот вчера ја отфрли жалбата и одлучи неговите наследници да ја исплатат наведената сума.