Европскиот суд за човекови права го отфрли барањето на Марин Ле Пен

100
EPA-EFE/VICTOR LERENA

Европскиот суд за човекови права денес го отфрли барањето на лидерката на десничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, за привремена мерка што би значела суспензија на извршувањето на нејзината казна во Франција, оценувајќи дека не постои ризик од непоправливо кршење на нејзините права.

Ова, како што пишува Фигаро, е дополнителен удар за Националниот собир на правен план, откако седиштето на партијата беше претресено од судски истражители од канцеларијата на париското обвинителство како дел од истрагата за финансирање на кампањата на последните избори.

Ле Пен, која сè уште има намера да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, побара од судиите на ЕСЧП да ја суспендираат извршувањето на нејзината казна за забрана за кандидирање на избори, која беше изречена со непосреден ефект и покрај жалбата до апелациониот суд.

ИЗДВОЕНИ