Ужасни вести доаѓаат од Италија, каде што Сиверт Гуторм Бакен почина во хотелска соба во Лаваца. Овој биатлонец го освои првото место на „масовниот старт“ на Светското првенство во 2022 година.

Сиверт Бакен почина во алпскиот град Лаваца, каде што се подготвуваше за претстојните Зимски олимписки игри. Претходно му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, но по една година пауза, повторно почна да се натпреварува. Сиверт Бакен е актуелен европски шампион во скијање на 10 км крос-кантри, а имаше четири победи на Светското првенство.

  • Меѓународната федерација за биатлон е длабоко тажна од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Неговото враќање во биатлонот по проблемите што ги имаше им донесе огромна радост на сите во семејството на биатлонот и беше инспирација, рече претседателот на Меѓународната федерација за биатлон, Оле Дал.

Сиверт Бакен беше во врска со норвешката биатлонка Јуни Арнеклеив, а Олимписките игри за кои се подготвуваше ќе се одржат во Милано и Кортина Д’Ампецо. Тие почнуваат на 6 февруари, а завршуваат на 22 февруари.

 

ИЗДВОЕНИ