петок, јануари 30, 2026
Дома СВЕТ Европскиот кризен фонд станува „воена каса“: 430 милијарди евра за одбрана

Европскиот кризен фонд станува „воена каса“: 430 милијарди евра за одбрана

21

Директорот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), Пјер Грамења, изјави дека европскиот кризен фонд има на располагање повеќе од 430 милијарди евра и дека може да им позајмува пари на земјите за одбрана.

Грамења за Ројтерс изјави дека ЕСМ може да обезбеди кредитни линии за одбрана и нема да бара строги економски реформи за возврат.

„Во овие времиња на геополитички превирања, кои предизвикаа повисоки трошоци, мора да го искористиме целиот потенцијал на ЕСМ“, рече Грамења.

ЕСМ не ја споменува експлицитно одбраната во својата мисија, а секоја таква промена би барала одобрение од земјите-членки, вклучувајќи ги и воено неутралните земји како што се Австрија, Кипар, Малта или Ирска, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ