сабота, јули 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – Скопје објави конкурс за стипендии „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – Скопје објави конкурс за стипендии „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“

120

 Едно семејство, една визија!

Европски универзитет – Скопје објави конкурс за доделување стипендии „Проф. д-р Бојо Андрески“ Скопје, за академската 2026/2027 година. Аплицирањето на конкурсот се врши во периодот од 18.5.2026 до 1.7.2026 година. Повеќе информации за стипендиите и за начинот на аплицирање може да добиете на следниов линк: https://www.eu.edu.mk/stipendii/

– Управниот одбор на Европски универзитет – Скопје, во студиската 2026/2027 година, ќе додели три стипендии „Проф. д-р Бојо Андрески“ на здравствени работници за студирање на II циклус постдипломски студии на Факултетот за економски науки – студиска програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“, во траење од една година, 60 ЕКТС-кредити и звање магистер по економски науки во областа на здравствениот и фармацевтскиот менаџмент. Првата е целосна стипендија, што значи 100 % ослободување од обврската за уплата на годишна школарина, втората е делумна стипендија – 70 % ослободување од обврската за уплата на годишна школарина и третата делумна стипендија – 50 % ослободување од обврската за уплата на годишна школарина – велат од Европски универзитет – Скопје.

Право на аплицирање имаат сите здравствени работници државјани на Македонија со завршено високо образование (*минимум 240 ЕКТС-кредити) и просечна оценка од студиите најмалку 8,00. За аплицирање на конкурсот, се пополнува електронска пријава и треба да се приложи кратко мотивациско писмо. Потоа, заедно со скенираните примероци од потребните документи, електронски да се достават на и-мејл адресата [email protected]. Сите апликации се достапни на веб-страницата.

Стипендиите се доделуваат по случаен избор од сите пристигнати апликации на кандидатите што ги исполнуваат условите согласно со конкурсот, со извлекување, кое ќе се одржи јавно, во свечениот амфитеатар на Европски универзитет и ќе се пренесува во живо, онлајн, преку платформата „Зум“ на 3.7.2026 во 11:00 часот. Овозможено е и физичко присуство на заинтересираните кандидати.

Дополнителни информации може да се добијат во Студентската служба на Европски универзитет, секој работен ден од 8:00 – 16:00 часот, на и-мејл: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

ИЗДВОЕНИ