ЕВРОПСКИ РЕКОРД: Каде е измерена највисоката температура досега?

363

Градот Флоридија во покраината Сиракуза, Сицилија, го сруши рекордот поставен во Атина во 1977 година на 11 август 2021 година, откако во тој дел од Италија беше измерена температура од 48,8 степени Целзиусови.

Италијанскиот „Кориере дела Сера“ во тоа време објави дека станува збор за рекорд на кој никој не би му завидувал – 48,8 степени.

Ова е највисоката температура досега забележана во Европа, а беше измерена од Агрометеоролошкиот информациски систем на регионот Сицилија во 14 часот во Флоридија.

Флоридија и внатрешноста на Сиракуза се во посебна конформација што ги покачува температурите на многу високи нивоа. Всушност, на неколку десетина километри подалеку, живата на термометарот беше дури и за 10-12 степени пониска.

Поточно, Сицилија, но и цела централна и јужна Италија, а делумно и северна Италија, тогаш беа под влијание на топлиот сахарски воздух, што доведе до скок на температурите до нивоа што никогаш порано не биле забележани.

Претходниот рекорд од 48,5 степени забележан во Сицилија на 20 август 1999 година, никогаш не беше формализиран.

Рекордот на Флорида стана официјален кога го потврдија експерти од Светската метеоролошка организација, кои, благодарение на Државниот универзитет во Аризона, ја создаваат официјалната листа на екстремни глобални временски настани.

Дополнително, метеоролошката агенција на Обединетите нации (ОН) потврди дека пред четири години на Сицилија била измерена температура од 48,8 степени Целзиусови – највисоката температура регистрирана во историјата на Европа.

ИЗДВОЕНИ