Многумина од нас велат дека дел од секој град што го посетуваме останува во нас кога ќе се вратиме дома, но туристите во Бриж изгледа го сфаќаат тоа буквално, пишува Time Out.
Градскиот советник Френки Демон ги повика туристите да престанат да земаат калдрма од улиците на градот како сувенир, бидејќи тоа претставува голем знак на непочитување кон градот.
Стариот град Бриж е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, но и покрај тоа, знаменитостите како што се пазарот Висмаркт, езерото Миневотер, плоштадот Гроте Маркт и Музејот Грутуз губат помеѓу 50 и 70 камени плочи месечно.
Можеби таа бројка не изгледа претерано, но има две причини зошто е сериозен проблем. Прво, ваквото однесување го нарушува историското наследство на градот.
„Ние не бараме ништо друго освен почит. Шетањето во Бриж е како да се гази по вековната историја“, рече Демон, пренесува The Brussels Times. „Ве молам оставете ги камењата таму каде што припаѓаат.
Втората причина е цената. Не само што дупките што остануваат зад украдените камења се опасни за пешаците, туку и нивната поправка чини околу 200 евра за метар квадратен.
Ова не е првпат туристите да бидат опоменати дека земаат нешто што не им припаѓа – властите на Сардинија неодамна воведоа казна од 3.000 евра за посетителите кои земаат песок од плажите.
Всушност, популарните дестинации ширум светот во последниве години се повеќе усвојуваат правила за да го спречат несаканото однесување на туристите.