Европски бисери за гурмани: Големи залаци по ниски цени, а еве каде!

57
Фото: pexels

Кога ќе се спојат патувањето и добрата храна, го добивате совршениот рецепт за авантура што ја исполнува и душата и желудникот – без да го испразните паричникот. Ако сонувате за шармот на европските улици, богатата кујна и прифатливите цени, овие три града се идеална дестинација.

Будимпешта, Унгарија

Унгарската престолнина е рај за гурманите кои свесно штедат буџет. Можете да пробате класичен гулаш, полн со вкус и традиција, за сума од околу пет евра, додека лангос, пржено тесто со разни додатоци, е совршена улична закуска која ќе ја платите речиси две евра. Кафе со опуштена прошетка по Дунав чини околу 2 евра.

Во Будимпешта, ќе уживате во локалните специјалитети цел ден, а вашиот паричник тешко дека ќе го почувствува тоа.

Лисабон, Португалија

Лисабон нуди шарм на стариот свет со мирис на свежа морска храна. Порција школки во ресторан со поглед на океанот чини околу 8 евра, додека познатиот пастел де ната – кремасто колаче во лиснато тесто – ќе ве воодушеви за помалку од едно евро.

Тапасите во уличните барови се движат од 5 до 7 евра, а кафето во просек чини 1,5 евра. Со вакви цени, добивате автентичен вкус на Португалија со поглед кој не чини ништо – а вреди многу.

Софија, Бугарија

Главниот град на Бугарија сè повеќе ги привлекува оние кои знаат да препознаат добар залак по ниска цена.Традиционалната ладна таратор супа чини само две евра, додека топла порција мусака или пита со пченка чини помеѓу 3,5 и 4 евра. Богатите оброци во локалните ресторани ретко надминуваат 6 евракм, а кафето и десертот во пријатно кафуле честопати нема да ве чинат повеќе од три евра.

Софија е дестинација која комбинира домашна атмосфера, дарежливи порции и балканска носталгија – сè по исклучително пријателски цени.

Без разлика дали ве привлекуваат раскошните авении на Будимпешта, романтичните погледи на Атлантскиот Океан од Лисабон или топлината на бугарските улички, овие три дестинации нудат многу за малку.

И додека ги истражувате нивните култури, мириси и вкусови, едно е сигурно – ќе се вратите кај нив, барем во вашите мисли, долго по последниот залак.

ИЗДВОЕНИ