Европската унија го повика Иран да ги ослободи „заштитниците на човековите права“, вклучувајќи ја и добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, пренесе „Хина“.
Како што објави агенцијата ДПА во среда, ЕУ во соопштение изрази „сериозна загриженост за широко распространетата практика на произволно притворање што ја преземаат иранските власти за да ги потиснат критичките гласови во земјата“.
„Ги повикуваме иранските власти да ги ослободат сите лица неправедно притворени поради остварување на нивните фундаментални права, вклучително и слободата на изразување и собирање“, се додава во соопштението.
„Ова ја вклучува и добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, чие здравје останува кревко, како и другите бранители на човекови права кои беа уапсени на 12 декември во Машхад.“
„Бранителите на човекови права мора да можат да ги изразат своите мислења и да ја извршуваат својата легитимна работа без ризик за нивната слобода, во Иран како и на други места“, се наведува во повикот на ЕУ.
Мохамади, заедно со наводно 40 други активисти, беше уапсен на 12 декември за време на комеморацијата за адвокатот за човекови права во Машхад, североисточен Иран. Тие наводно извикувале остри слогани против исламското раководство на земјата.
Мохамади ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран.












