Европската Унија го поздравува договорот меѓу Азербејџан и Ерменија за прекин на конфликтот

99

Европската Унија го поздрави договорот меѓу Ерменија и Азербејџан, кој беше потпишан во Белата куќа од страна на лидерите на двете земји, премиерот Никол Пашинјан и претседателот Илхам Алиев, со посредство на Соединетите Американски Држави.

Во заедничката изјава на 27-те земји-членки на ЕУ се вели дека договорите претставуваат „значаен пробив кон завршување на деценискиот конфликт и го отвораат патот за целосна нормализација на односите врз основа на меѓусебно признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет“.

ЕУ ја нагласи важноста од брзото спроведување на договорените чекори, вклучително и ратификацијата на мировниот договор, и изрази подготвеност да продолжи со соработката и поддршката во процесот на траен мир и заеднички просперитет во регионот.

ИЗДВОЕНИ