Европската комисија планира построг однос кон миграција

18

Европската комисија планира да ги зголеми напорите за враќање на бегалците, да воведе построги гранични контроли и најверојатно да ја ревидира агенцијата за азил на ЕУ во својата нова петгодишна Стратегија за азил и миграција.

Стратегијата треба да биде објавена во февруари, заедно со новата стратегија на ЕУ за визи, објавува „Еурактив“. Стратегијата има шест приоритети: миграциска дипломатија; силни граници на ЕУ; фер, робустен и прилагодлив систем за азил и миграција; враќање и реадмисија; законски патишта и мобилност на работната сила; и стратешко користење на финансиските ресурси заедно со подобрена оперативна поддршка.

Исто така, се наведува дека евалуацијата на мандатот на агенцијата за азил на ЕУ во 2026 година би можела да биде придружена со „можна измена на нејзината основачка регулатива“.

Минатата година, Брисел започна далекусежна ревизија на својата рамка за азил и миграција, воведувајќи нови правила со кои се воведе концептот на „центри за враќање“ за одбиени баратели на азил и заострени процедури за обработка на барањата – пакет што комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, го опиша како „целосна промена“.

Во преден план на новата стратегија е миграциската политика, со силен фокус на партнерства со трети земји по должината на клучните миграциски рути.

Документот експлицитно повикува на систематска употреба на стимулации и влијание – вклучувајќи визи, трговски преференции и финансирање од ЕУ – за да се обезбеди соработка во управувањето со границите, враќањето и реадмисијата.

ИЗДВОЕНИ