Европската комисија отвора истрага за порнографските платформи поради пропусти во заштитата на малолетниците

48

Европската комисија ги истражува порнографските платформи „Порнхаб„, „Стрипчет“,  XNXX i XVideos поради пропусти во заштитата на малолетниците, пишува денеска „Политико“.

Истрагата ќе се фокусира на мерките за проверка што ги спроведуваат платформите со цел да ги држат малалетниците подалеку од содржините за возрасни, како и на испитувањето на начините на кои платформите ги проценуваат и ги ублажуваат ризиците поврзани со правата на децата и користа на корисниците, се наведува во соопштените на Комисијата.

Кршењето на Актот за дигитални услуги, документ кој важи во ЕУ, може да резултира со казна до шест отсто од годишниот глобален промет на компанијата.

Порталот наведува и дека нема временско ограничување за завршувањето на истрагата.

ИЗДВОЕНИ