Европската комисија ја казни компанијата „Гугл“ со 2,95 милијарди евра за прекршување на антимонополските прописи

24

Европската комисија ја казни компанијата „Гугл“ со 2,95 милијарди евра за прекршување на антимонополските правила со спречување на конкуренцијата на пазарот на рекламна технологија.

Казната за „Гугл“ дојде и покрај заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе дополнителни царини на Европската Унија „доколку дискриминира американски компании“.

Американскиот технолошки гигант ги фаворизира своите услуги на штета на конкуренцијата на пазарот за огласувачи и онлајн издавачи, соопшти Европската комисија, објави „Политико“.

„Гугл“ сега мора да предложи сериозен лек за решавање на своите конфликти на интереси, а ако не го стори тоа, нема да се двоумиме сами да ги воведеме“, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија, Тереза ​​Рибера.

„Дигиталните пазари постојат за да им служат на луѓето и мора да се засноваат на доверба и праведност. И кога тоа не успее, јавните институции мора да дејствуваат за да ги спречат доминантните играчи да ја злоупотребуваат својата моќ“, додаде таа.

Комисијата првично имаше намера да ја изрече казната во понеделник, но тоа беше запрено од европскиот комесар за трговија, Марош Шефчович, поради континуираните закани на Трамп за нови тарифи.

„Гугл“ сега има 60 дена да ја информира Комисијата како планира да го реши конфликтот на интереси и да ја запре злоупотребата.

Денешната казна е помала од казната од 4,34 милијарди евра што извршната власт на ЕУ му ја изрече на Google во 2018 година за злоупотреба на својата доминација над Android, но поголема од 2,42 милијарди евра со кои се соочи за фаворизирање на својата услуга за споредбено купување во 2017 година.

Глобалниот раководител на регулаторни работи на „Гугл“, Ли-Ан Малхоланд, изјави дека компанијата ќе се жали на одлуката на Европската комисија.

„Одлуката на ЕК ни наметнува неоправдана казна и бара промени што ќе им наштетат на илјадници европски бизниси со тоа што ќе им го отежнуваат остварувањето профит“, рече Малхоланд.

Одлуката на Комисијата доаѓа во време кога паралелен случај треба да се сослуша во американските судови.

Во април, американски федерален судија откри дека „Гугл“ нелегално одржувала монопол врз рекламирањето во пребарувањето, а судењето е закажано за 22 септември.

ИЗДВОЕНИ