Работната група на Европската комисија не донесе некое конкретно решение за регулирање на продолжениот престој на возачите од Западен Балкан по вчера одржаниот онлајн состанок, на кој беше вклучен и претставник од македонската Асоцијација „Макам-транс“.

Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам-транс“, за весникот ВЕЧЕР изјави дека имало два и полчасовен технички состанок, на кој се барало од претставниците на меѓународните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора да достават податоци за бројот на професионалните возачи.

– Побаравме да се донесе привремено решение за возачите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора, додека не се спроведе визната либерализација како што ветија од Европската комисија. Наредниот состанок ќе се одржи за две недели – вели Муратовска.

Албанија побарала да се приклучи на барањата за визна либерализација на возачите од четирите држави од Западен Балкан, иако првично тоа не го стори и не учествуваше во блокадите на границите, поради тоа што и тие се соочуваат со истиот проблем со строгата примена на правилото 90/180 при престој во Шенген.

(С. Бл.)

 

 

ИЗДВОЕНИ