Министерството за спорт на денеска и утре ќе го организира рекреативниот спортски фестивал – #БеАктив – Европска недела на спортот. Настанот ќе се одржи на Воениот стадион (АРМ) во Градски парк во Скопје, во периодот од 12 до 18 часот.
На овој голем спортски фестивал ќе бидат вклучени повеќе национални спортски федерации со свои учесници, бројни волонтери и спортски ентузијасти.
Предвидени се: интерактивни спортски зони, настапи и активности за деца, демонстрации, турнири, игри и изненадувања, музичка програма, мини сцена и #БеАктиве дух!
Рекреативниот спортски фестивал #БеАктив – Европска недела на спортот се одржува со поддршка од Министерството за образование, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Министерството за социјална политика, демографија и млади.