Европратеничка му се закани на Зеленски: „Ќе му ги скршам нозете“

205
screenshot eudebates.tv

Романската пратеничка од крајната десница, Дијана Сосиочака, предизвика скандал за време на посетата на Русија, тврдејќи дека го спречила украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати во романскиот парламент во 2023 година и порачала дека би му ги „скршила нозете“ ако се обиде да дојде.

„Ако се осмели да дојде во мојот парламент, ќе му ги скршам нозете! Не смее да зборува во мојот парламент. Зошто велам „мој“? Затоа што романскиот устав вели дека ние, пратениците, сме претставници на романскиот народ и единствените што можат да го претставуваат суверенитетот на романската нација“, рекла Сосиочака.

Оваа изјава ја дала на состанокот на Меѓународното културно здружение „Пријатели на Русија“, со кој претседаваше прорускиот активист Пјетро Страмечи. Сосиочака присуствуваше и на прославата на 20-годишнината од рускиот државен канал RT, на кој говореше и претседателот Владимир Путин.

Во Русија, таа ги повтори тврдењата дека „повеќе од еден милион Романци во Украина се угнетени“ и дека им е „забрането да зборуваат романски и да практикуваат православие“. Во соопштение за медиумите, таа се пофали дека „младите луѓе реагирале многу позитивно“ на нејзините националистички пораки и дека „добила аплауз од присутните“.

Која е Дијана Сосиоака?

Сосиеака ја започнала својата политичка кариера во партијата Алијанса за обединување на Романците (AUR), од која подоцна била исклучена поради конфликти со раководството. Таа е позната по своите антимигрантски и антиваксерски ставови, како и по нејзината агресивна реторика против Европската Унија и Украина.

Минатата година беше избрана за пратеничка во Европскиот парламент. За време на гласањето за претседател на парламентот, таа беше емитувана во живо на телевизија како ги прецртува имињата на кандидатите и пишува на своето гласачко ливче:
„Никогаш за Украина, никогаш за ЛГБТ, никогаш за диктатурата на ЕУ!“

Таа, исто така, предложи да се покани свештеник во Европскиот парламент за да го „исчисти од ѓаволот“. На нејзиниот прв ден во Брисел, таа пристигна во традиционална романска народна носија, носејќи икона на Света Параскева и миризлива смола „за да ја освети институцијата“.

Таа моментално се соочува со 11 истраги во Романија, вклучително и обвиненија за промовирање воени злосторства и негирање на холокаустот. Украинската безбедносна служба претходно ѝ забрани влез во земјата три години поради нејзините про-Путин активности и јавни навреди кон украинското раководство.

ИЗДВОЕНИ