Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во стока со висока вредност

31

Личните податоци на граѓаните сè повеќе се користат како високовредна стока во сајбер криминалот, додека пазарот на украдени информации брзо се шири, објави денес Европол во извештајот „Проценка на заканата од организиран криминал на интернет 2025 година“, додавајќи дека украдените податоци претставуваат основа на криминален систем што овозможува цела низа нелегални активности – од онлајн измами до уцени и експлоатација на деца.

„Не можете да се браните од она што не го разбирате. Извештајот на IOCTA за 2025 година ја открива скриената економија на украдените податоци што ги движи најопасните сајбер закани денес“, рече Едвардс Шилерис, директор на Европскиот центар за сајбер криминал на Европол.

Криминалците користат сè пософистицирани методи – од фишинг и малициозен софтвер, до телефонски измами и вештачка интелигенција – за да добијат чувствителни информации за корисниците, кои потоа се продаваат и дистрибуираат преку темната мрежа и шифрирани комуникациски канали.

ИЗДВОЕНИ