понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Европејците тонат во песимизам, го гледаат Трамп како закана за економијата, мирот...

Европејците тонат во песимизам, го гледаат Трамп како закана за економијата, мирот и безбедноста, покажа анкета во 23 земји на ЕУ

17

Речиси две третини од испитаниците, поточно 63 проценти, рекле дека „најдобрите години се зад нас“, додека 77 проценти веруваат дека животот во нивната земја „ќе биде потежок за следната генерација“. Иако анкетата беше спроведена во ноември лани, пред последниот бран непријателство од американскиот претседател Доналд Трамп, околу две третини од испитаниците изјавиле дека се песимисти во врска со неговото влијание во наредната година врз глобалната економија (69 проценти), мирот и безбедноста (64 проценти) и нивната сопствена земја (64 проценти)

Песимизам за состојбата во светот и во сопствената земја, како и чувство дека американскиот претседател Доналд Трамп е негативна сила, преовладува кај Европејците, според истражување спроведено од компанијата за стратешки комуникации, ФГС „Глобал“, која анкетирала 11.714 возрасни луѓе во 23 земји од Европската Унија, во ноември, 2025 година.

Речиси две третини од испитаниците, поточно 63 проценти, рекле дека „најдобрите години се зад нас“, додека 77 проценти веруваат дека животот во нивната земја „ќе биде потежок за следната генерација“, пишува „Политико“. Мрачното расположение е особено распространето во Западна и во Централна Европа, а дури 76 проценти од анкетираните рекле дека демократијата во нивната земја е во опаѓање. Всушност, анкетата открива широко распространета загриженост за состојбата со европските демократии и способноста на владите да се справат со предизвиците што вклучуваат војна на истокот од континентот, економска и геополитичка несигурност и зголемени тензии со Вашингтон.

Во речиси секоја анкетирана земја, мнозинството верува дека нивната земја се движи во погрешна насока. Исклучоци се Полска, Литванија и Данска. Крег Оливер, кораководител на глобалната стратегија во ФГС „Глобал“ и поранешен советник за комуникации на поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон, ја припишува оваа разлика на начинот на кој се управува со земјите.

– Постојат различни земји каде што луѓето чувствуваат дека има лидерство и промени и дека работите се решаваат. Луѓето силно чувствуваат дека сакаат да бидат водени, тие сакаат јасност од владите, вели тој.

Анкетата е лоша вест за повеќето влади, зашто открива ниска јавна доверба во политичките системи и скептицизам во врска со нивната способност ефикасно да функционираат. Од двете понудени опции за политичкиот систем во нивните земји: „ги разочарува луѓето и има потреба од големи реформи“ и „функционира доста добро и не му требаат значителни реформи“, поголемиот дел од Европејците ја избрале првата. Најпозитивни бројки има од нордиските земји, додека најнегативни мислења искажале анкетираните во Романија (91 процент), Грција (88 проценти) и Бугарија (86 проценти).

Големо мнозинство, 71 процент, оценило дека нивната земја треба да биде посамоуверена кога се во прашање националните интереси, па дури и ако тоа предизвика несогласување со други земји. Испитаниците, исто така, поддржуваат поголеми инвестиции во европската безбедност, при што 57 проценти се за „трошење за одбрана и безбедност“.

Иако анкетата беше спроведена пред последниот бран непријателство од американскиот претседател Доналд Трамп, околу две третини од испитаниците изјавиле дека се песимистични во врска со неговото влијание во наредната година врз глобалната економија (69 проценти), мирот и безбедноста (64 проценти) и нивната сопствена земја (64 проценти). На прашањето дали Трамп ја заслужува Нобеловата награда, 77 проценти рекле дека не ја заслужува.

ИЗДВОЕНИ