Европејците сакаат да работат од дома, но без да им се намали платата

12

Резултатите од најновото истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека поголемиот број работници во еврозоната не се подготвени да прифатат помала плата за да ја задржат можноста да работат од дома.

Анкетата покажува дека вработените за два или три дена работа од дома, би прифатиле просечно намалување на платата за 2,6 проценти, 13 отсто од испитаниците би прифатиле од еден до пет отсто намалување на платата, а само осум проценти изјавиле дека се согласуваат за намалување на платата од шест до 10 отсто.

Но, 70 проценти од вработените не се согласуваат за намалување на платата за работа од далечина.

Од 2019 година до денес, двојно е зголемен процентот на луѓе што повремено работат од далечина и изнесува 22. Голем број компании ги приспособуваат своите политики за работа од далечина, барајќи оптимален модел за своето работење.

 

ИЗДВОЕНИ