Алпскиот регион е погоден од обилни врнежи, поради многу влажна, но и ладна воздушна маса која постојано струи од Атлантикот. Во пониските делови е дождливо, со вистинско есенско време и температури од само 5 до 10 степени. Во исто време, снег врне во повисоките делови на Алпите. Границата на снегот е на околу 1200 метри надморска височина, локално и пониско, а снег наврна и во некои долини пониски од 800 метри.
На многу места паднале повеќе од 30 см нов снег, а во повисоките делови над половина метар, локално дури и 80 сантиметри. Снегот покрил области од Француските Алпи на запад, преку Германските и Швајцарските Алпи на север и Италијанските Алпи на југ до Алпите во западна Австрија. Бројни населби се целосно покриени со снег, а патиштата се непроодни.
Овогодинешниот октомври веќе донесе многу обилни врнежи од снег на Алпите во неколку наврати.
Добрата вест е дека денес се очекува стабилизирање на времето и врнежите да престанат, така да се очекува значително подобрување на времето во наредните денови.












