понеделник, јули 28, 2025
Дома ЕКОНОМИЈА Европа се соочува со топлотни кризи: Ладењето мора да стане дел од...

Европа се соочува со топлотни кризи: Ладењето мора да стане дел од енергетската политика

156

Со се почестите топлински бранови, експертите предупредуваат дека без сеопфатна стратегија за ладење, ЕУ ризикува енергетски колапс, економски загуби и криза во јавното здравје.

Додека Европа систематски развива стратегии за греење со децении, полето на ладење останува запоставено – и сè појасно е дека без него е невозможно да се обезбеди здравјето, енергетската стабилност и безбедноста на граѓаните во услови на сè почести топлотни бранови.

Според анализата на Атлантскиот совет, додека греењето и зимската енергетска безбедност беа дефинирани преку организирани државни мерки како што се стратешките резерви на гас и субвенциите, ладењето во Европа се развиваше спонтано.

Системот е нерамномерно распределен, неефикасен и честопати достапен само за побогатите, предупредува аналитичарот Андреј Коватариу.

Климатизерите – луксуз за богатите?

Растот на бројот на клима уреди во Европа е најзабележителен во деловните простории и домовите на граѓаните со повисоки приходи. Сепак, многу од овие системи се застарени, лошо одржувани и инсталирани во згради без соодветна изолација, што дополнително ја оптоварува електричната мрежа.

За разлика од греењето, кое е вклучено во јавните и енергетските политики, ладењето е оставено на индивидуални одлуки – „од домаќинствата и канцеларијата“, без поширока стратегија и планирање, вели Коватариу. Како резултат на тоа, целата област е нерегулирана и неправедно распределена.

Топлината ја уништува инфраструктурата

Топлинските бранови не само што ја зголемуваат потрошувачката на електрична енергија, туку и трајно ја оштетуваат енергетската инфраструктура. Сушите го намалуваат производството на хидроелектраните, високите температури го оневозможуваат ладењето на реакторите во нуклеарните централи, а топлината ги прегрева трансформаторите и спроводниците.

Како резултат на тоа, земјите сè повеќе се потпираат на фосилни горива – гас и јаглен, што исто така ја зголемува зависноста од надворешни снабдувања, вклучително и од Русија. Во исто време, емисиите на стакленички гасови се зголемуваат, а електричната енергија станува поскапа, особено за посиромашните граѓани на кои им е сè потешко да си ја дозволат.

Ладењето мора да стане дел од енергетската политика

Решенија како што се централно ладење, енергетски ефикасни згради и урбани адаптации можат да ги ублажат ефектите од топлотните бранови, да ја намалат потрошувачката на гориво и да овозможат порамноправен пристап до ладење.

Коватариу ја нагласува потребата од јавни и приватни инвестиции, како и од модернизација на постојните системи.

„Ладењето не е луксуз, туку станува клучен фактор за зачувување на здравјето, економската безбедност и отпорноста на климатските кризи“, заклучува авторот, предупредувајќи дека без јасна стратегија за борба против топлотните бранови, Европа ризикува чести енергетски и социјални кризи.

ИЗДВОЕНИ