Земјите од Европската Унија се веќе подготвени да ги испратат своите сили во Украина доколку Русија ги прекрши сè уште недоговорените и непотпишаните услови од договорот за решавање на украинскиот конфликт, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник „Билд“.
„Секако, во моментов не ги дискутираме јавно деталите. Но, можам да кажам дека неколку европски земји изразија подготвеност да ги испратат своите сили доколку е потребно“, нагласи Руте.
Според генералниот секретар на НАТО, потребни се три нивоа на гаранции на Алијансата за да се обезбеди безбедноста на Украина и да се спречи продолжување на непријателствата. Првото ниво се однесува на одржување на борбената готовност на украинската армија. Второто се базира на „коалиција на волните“, во која се вклучени Франција, Обединетото Кралство, Германија и други земји. Третото ниво на безбедност зависи од САД. Руте се осврна на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во август изјави дека сака да учествува во обезбедувањето безбедносни гаранции за Киев.












