Германските ракометни гиганти, екипите на Магдебург и Фуксе Берлин, ќе играат во големото финале во Лигата на шампиони.

По убедливиот триумф на Фуксе Берлин од 34:24 над Нант, далеку повозбудливо полуфинале ни беше понудено од Барса и Магдебург, каде победникот беше решен во последните секунди.

Ова беше средба на која правдата ја делеа најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои имаа полни раце работа, доделија три црвени картони, два на минута и пол до крајот на мечот, на штета на Барса. Тоа придонсе Макдебург да постигне гол во последните секунди и да дојде до голема победа, со која го елиминираше минатогодишниот шампион.

Магнусон со 11 погодоци беше најефикасен кај победникот, додека на спротивната страна прво име беше Дика Мем, кој се повреди на средина од второто полувреме и застана на осум погодоци.

 

ИЗДВОЕНИ