Ракометната репрезентација на Шведска како голем фаворит не успеа да ја победи Унгарија (32:32) во претпоследното коло од главната фаза на Европското првенство и можеше да остане и со празни раце затоа што пред самиот крај постоеше еден спорен момент. Во последниот напад на Унгарците на неколку секунди пред крајот, германската судиска двојка Робер Шулце и Тобиас Тениес, донесоа одлука која ја подели јавноста.
Имено, при еден обид за гол на Сита, му беше досудено пробивање. Иако, евидентно беше дека противничкиот играч брани и гази во голманскиот простор.
Дури и по крајот на мечот со конечни 32:32, судиите ја прегледаа ВАР-снимката според новите правила, ама останаа доследни на одлуката, а многумина кои добро ја разбираат ракометната игра сметаат дека Унгарија била оштетена на овој натпревар и дека еден од кодомаќините, селекцијата на Шведска со сила се турка кон полуфиналето на шампионатот.
Palicka aufs leere Tor, Sekunden vor Schluss
Wenn Island morgen gegen Slowenien gewinnt, dann ist Schweden raus und das vorm heimischen Publikum pic.twitter.com/vwVcREx0Hk— Max Kirchi (@max_kirchi) January 27, 2026











