Европа го гледа Арктикот како место на иден конфликт со Русија

73

Европските земји сè повеќе ја гледаат арктичката зона како потенцијалнo место за иден воен конфликт со Русија, оцени новинарот и политичар Максим Шевченко.

Според него, земјите од Европската Унија веќе успеале да го фокусираат најголемиот дел од вниманието на Москва и руската војска на украинското бојно поле, што, тврди тој, им остава простор да бараат предност на север.

– Ќе удрат, мислам, во Арктикот и Балтичкиот регион. Бидејќи ги повлекоа сите руски сили на југ и ги концентрираа во украинскиот регион, тие разбираат дека ќе имаат одредена предност во арктичката зона – вели Шевченко.

Тој нагласи дека природата на вооружените операции во арктички услови е фундаментално различна од вообичаените бојни полиња. Во таа област, како што додаде, би дејствувале помали групи специјално обучени единици од 20 до 50 војници, додека употребата на тактичко или стратешко оружје во такви околности нема смисла.

Шевченко предупреди дека проектот на Русија за формирање арктички трупи е сè уште во рана фаза, што може да претставува предизвик доколку има ескалација, пренесува српска Политика.

ИЗДВОЕНИ