Европските земји во кои енергијата на ветерот игра клучна улога мораа да го ограничат рекордното производство на енергија од ветер оваа година поради оптоварување на мрежите, бидејќи не можат да го пренасочат вишокот зелена енергија.
Повикувајќи се на податоците на Агенцијата ЛСЕГ, порталот Оилпрајс објави дека стапките на ограничувања на производството во Шпанија, Германија, Франција и јужна Шведска се зголемиле во деветте месеци оваа годинава споредено со истиот период во 2024 година. Во Шпанија, стапката на ограничување скокнала од 9% на 12,2%, во Франција од 3,8% на 5,3%, во Германија од 4,5% на 4,9%, а во јужна Шведска од 2% на 2,4 %. Турбините на ветер во Шкотска мораа да бидат исклучени дури 37% од вкупното време во првата половина од годината.
Европската комисија и земјите членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите на кои им е потребна итна модернизација и проширување. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави планови за справување со критичните застои за да се спречи зголемувањето на цените на електричната енергија и енергијата. Процените на ЕК се дека се потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра за модернизација на мрежите до 2050 година.