Европа ги „бруси“ безбедносните гаранции за Украина

40
EPA/OLIVIER HOSLET

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“ денес попладне, а во форматот ќе доминира темата за поддршка на Украина, објави француското Министерство за надворешни работи.

Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на добронамерните“ на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија, пренесува ХИНА.

По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која исто така се наведува дека САД ќе интервенираат воено во случај на нов руски напад и ќе водат механизам за следење на почитувањето на прекинот на огнот.

На состанокот на „Вајмарскиот триаголник“, формат започнат во 1991 година во истоимениот германски град, е предвидено подоцна денес да му се придружи индискиот министер Субрахманјам Џајшанкар, со кого ќе разговараат за зајакнување на односите меѓу ЕУ и Индија, како и за предизвиците во Азиско-пацифичкиот регион.

ИЗДВОЕНИ