Европските земји почнаа да издаваат повеќе визи за руски туристи во 2024 година, пишува „Телеграф“. Нивните омилени дестинации за одмор се Франција, Италија и Шпанија, се наведува во статијата.
Во текстот се наведува дека во текот на изминатата година бројот на Руси кои престојуваат во хотели во Италија и Франција се зголемил за повеќе од 19%.
Според медиумот, Италија издала 152.254 визи за Руси во 2024 година, што е за 19 илјади повеќе отколку во 2023 година.