Еден од најискусните и најтрофејни тренери во Евролигата, Еторе Месина (66), го кажа својот став за формирањето нова лига во Европа, таканаречената НБА Европа.

Тренерот на Олимпија Милано ги истакна последиците, кои се сè почести на елитното натпреварување, а покрај економските проблеми, повредите се еден од најприсутните фактори и речиси не заобиколија ниту еден голем клуб на Стариот Континент.

НБА Европа ги објави градовите на својата листа со желби, но европските метрополи, како што е Милано, привлекуваат големо внимание.

  • Факт е дека Олимпија Милано е важна цел за НБА Европа, за сопствениците, градот и за историјата на клубот – нагласи Месина.

Тој истакна дека „кралскиот клуб“ губи голема сума пари, што создава економски проблеми.

  • Во Евролигата имаме многу квалитетен производ, со ниво на игра што е второ само по НБА- плејофот, но кога ќе прочитате дека Реал Мадрид губи 38 милиони долари од сезона и се соочува со ниска флуктуација на играчи, сфаќате дека има сериозен економски проблем – нагласи Месина.

Слични проблеми имаат и другите клубови од Евролигата, но финансиите не се единствениот проблем таму. Сведоци сме на зголемен број повреди на играчите поради неподносливиот ритам на игра.

  • Одлично е да имаме 20 тима, но од почетокот на сезоната досега имавме 60 повреди. Ваквите работи не може да продолжат. Потребни ни се модел што може да ги комбинира спортските и економските потреби и координиран календар. Отворени сме за секаков предлог, а потоа сопствениците ќе одлучат што да прават – заклучи искусниот тренер.

ИЗДВОЕНИ