Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец, Марко Јагодиќ-Куриџа, испрати остри критики кон челниците на Евролигата. Поранешниот член на Црвена звезда, со која играше токму на ова натпреварување, го објасни својот став.

  • Жал ми е што во кошарката повеќе не гледаат на резултатите. Работите се одвиваат според начинот за кој однапред се договараме, а не според начинот кој победил. Мислам дека Евролигата ја уништува кошарката! – порача Јагодиќ- Куриџа во поткастот „Код Лука и Кузме“.

Тој потоа го спореди најсилното кошаркарско клупско натпреварување со фудбалското.

  • Тоа е мое мислење, бидејќи тука Полска, Белгија веќе не постојат, затоа што знаат дека не може да влезат во Евролигата, додека во фудбалот Манчестер сити, ако е петти, нема да игра во Лигата на шампионите. А тука, сите веќе однапред знаат – Басконија може да биде деветта во Шпанија, но ќе игра. Алба може да игра колку што сака, сега одлучи дека нема… Мислам, тоа е… Кој има пари – игра. Во спортот не треба да се оние што имаат пари, туку оние што се најдобри – додаде Марко.

ИЗДВОЕНИ