Евролигата ќе ја започне сезоната 2025/2026 со 20 тима, два повеќе од претходните години, и се вели дека тоа е привремено решение пред да се планира поголемо проширување.
Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина, откри дека Евролигата планира да се прошири на 24 тима, почнувајќи од следната сезона.
- Како клуб и сопственици, би сакале веднаш да преминеме на формат од 24 тима. На состанокот на Управниот одбор на Евролигата, ни беше кажано дека 20 тима се само привремено решение за една година, додека го чекаме проширувањето на 24 тима – истакна Месина на прес-конференција.
Тој, исто така, ги објасни компликациите од овој формат.
- Секој знае дека кога трае форматот само една сезона, ситуацијата станува уште посложена. Пет места во плејофот се веќе резервирани, што остава само едно место за директно пласирање за другите 15 тима – додаде Месина.
Сезоната во Евролигата започнува на 30 септември.