Евролигата официјално ја информираше НБА дека може да покрене правна постапка доколку има разговори за нов проект во Европа со претставници на клубови кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори од „Еурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а за тоа се информирани сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, а ќе видиме дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им е наложено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е меѓу тимовите кои не потпишале нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во наредните часови.
Сепак, треба да се напомене дека, правно гледано, според тековните договори, клубовите можат да потпишат нови лиценци до 30 јуни 2026 година, што го отежнува прецизното предвидување на било што. Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат договор порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, но деновите на Асвел во Евролигата се одбројани.











