Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ (31), на традиционалниот ден за медиуми во НБА, се осврна на своето искуство на неодамнешното Европско првенство пред новата сезона во САД.
БиХ заврши на 13. место на Евробаскетот, откако беше трет во Групата Ц зад Грција и Италија, а пред Грузија, Шпанија и Кипар. Во осминафиналето загуби од Полска.
- Евробаскетот ве држи два месеца во таа кошаркарска состојба на умот. Тоа е многу добро натпреварување, се игра добра кошарка. Тоа е различен спорт од НБА, но дефинитивно ве подготвува за сезоната, рече Нуркиќ.
Нуркиќ на Европското првенство имаше просек од 17 поени, 8,7 скока и две асистенции, а особено се истакна со „дабл-дабл“ против Грузија со 15 поени и 12 скока, што беше клучна победа за пласман во нокаут-фазата.
Кошаркарот на Јута ќе има и задача да им помогне на многу млади играчи во својот тим да се адаптираат на лигата во новата сезона.
- Сакам да им помогнам на младите играчи да растат. Ги охрабрувам и ги бодрам. Да се направи грешка е во ред, ако сакате да бидете подобри. Да им се помогне на тренерот и на тимот колку што е можно повеќе. Да се биде позитивен, како играч кој поминал низ многу работи и кој играл со многу големи таленти. Чувствувам дека возбудата за мене е само можноста да придонесам, но младите играчи секогаш ќе ве предизвикуваат на тренинзите и натпреварите. Тие ве поттикнуваат да бидете уште подобри како играч, рече Нуркиќ.
Ова ќе биде 12. сезона на Нуркиќ во НБА, која започнува на 22 октомври.