Еве што наскоро ќе ги замени мобилните телефони: „Ќе биде како што се случи со компјутерите“

0

Марк Закерберг, извршен директор на Мета, тврди дека мобилните телефони ќе бидат заменети со нов производ.

– Ќе биде како што се случи со компјутерите – рече тој.

Не поминаа ни дваесет години откако паметните телефони станаа секојдневна работа, но и зависност. Сепак, извршниот директор на Мета, Закерберг, предвидува дека луѓето наскоро ќе ги заменат со нова „играчка“ што ќе ја преземе нивната улога.

Ова ќе се случи уште во 30-тите години од овој век. Ќе дојде време кога вашиот паметен телефон ќе ви остане во џебот поголемиот дел од времето. Мислам дека тоа ќе се случи во 30-тите години од овој век – рече тој.

Според него, новото технолошко чудо за масите ќе бидат таканаречените паметни очила.

Мета (која не е единствената) развива паметни очила кои ќе можат да фотографираат, да снимаат видеа, да пуштаат музика и видеа, да примаат и отвораат е-пошта и пораки, да преведуваат она што го гледаме во реално време, да прикажуваат рути и упатства до посакуваните локации во видното поле на корисникот, да прикажуваат проширена и виртуелна реалност, да даваат информации за објектите што ги набљудуваме, да мерат срцев ритам, крвен притисок… и, секако, ќе бидат поврзани со вештачка интелигенција, што дополнително ќе ги прошири можностите за нивна примена.

Ако мислите дека за сето ова ќе биде потребна вселенска кацига или гломазни очила за виртуелна реалност, се лажете. Според најавите на Закерберг, ова ќе бидат навидум сосема обични очила, слични на очила за сонце.

– Истото ќе се случи како и со компјутерите. Сите ги имаме дома, но најчесто користиме мобилни телефони – вели Закерберг.

А, според него истото би можело да се случи и со паметните телефони во наредните години.

ИЗДВОЕНИ