Еве кој ќе патува утре од Москва за Истанбул: Путин го утврди тимот за преговори во Турција

742
Претседателот на Русиј Владимр Путин го утврди сосавот на руската делегација која ќе отпатува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ.
Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.
Во делегацијата се и заменикот на рускиот министер за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната управа на Генералштабот на руската војска Олег Костјуков и заменик министерот за одбрана Алексанадар Фомин.

Одреден е и тим експерти кои ќе учестуваат во преговорите.

Директните разговори на двете страни ќе се одржат во четврток во Истанбул, пренесува „Спутник“.

Инаку, Медински ја предводеше руската делегација на преговорите со Киев исто така во Истанбул во 2022 година.

 

ИЗДВОЕНИ