Синоќа, голем број луѓе ширум светот имаа можност да уживаат во глетката на барем делумно затемнување на Месечината.
„Месечината на есетрата“ – како што вообичаено се нарекува полната месечина кон крајот на август – доби црвеникава нијанса откако Земјата ја фрли својата сенка врз неа.
Затемнување на Месечината се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината ќе се подредат во тој конкретен редослед. Тогаш Месечината навлегува во сенката на Земјата и е „скриена“ од сончевата светлина.
Сепак, таа никогаш целосно не исчезнува од погледот на набљудувачите на Земјата, бидејќи дел од сончевата светлина се распрснува и прекршува низ атмосферата на Земјата – оптички феномен познат како прекршување на светлината.
Погледнете како изгледаше овој феноменниз светот:














