Американскиот кошаркар Кинан Еванс повторно се повреди, што значи и крај на сезоната за него во Евролигата. Тој одигра само една минута и 16 секунди по враќањето во Евролигата и паузата од 580 дена.
Кога беше јасно дека не може да продолжи, празничната атмосфера на трибините во салата „Мир и пријателство“, поради одличната игра на Олимпијакос против Жалгирис, се претвори во тишина. Кинан Еванс ја скина Ахиловата тетива.
„Неверојатно“, извика Американецот во очај додека на лицето му се појави болна гримаса, свесен што му се случи повторно. Сите во салата беа во шок.
Набрзо, со помош на соиграчите и на член на тренерскиот штаб, го напушти теренот, а Олимпијакос објави и потврди по натпреварот дека станува збор за руптура на Ахиловата тетива на левата нога.
Имено, Еванс неодамна се врати во кошарката, играше во првенството против Кардица, по 533 дена откако потпиша за Олимпијакос, тоа беше и негово деби за тимот од Атина.











