Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, претрпе уште еден пораз во Лигата на шампионите, отккао на последниот овогодишен натпревар во Лигата на шампионите загубија на гостувањето кај Загреб со 27:23. Овој натпревар беше клучен за понатамошниот развој на настаните за пелистерци, но со поразот шансите за пласман во осминафиналето се сведоа на минимум.

Тренерот Рубен Гарабаја конечно можеше да смета на сите ракометари, ако не се земе предвид крилото Цветан Кузманоски кој подолго време е повреден. Во Битола остана само кружниот напаѓач Валид, а одново во ростерот се најде Самоил Ристевски. На спротивната страна, пак, во составот на искусниот стратег Ненад Шоштариќ го немаше најдобриот ракометар Ловре Кларица, како и искусниот Игор Карачиќ.

“Ова беше тежок натпревар. Но, можам да кажам дека добро го отворивме, и би рекол дека игравме доста добро во дефанзива, но за да победите на еден натпревар од Лигата на шампионите мора да играте добро на двете страни од теренот, а денес нашиот напад не изгледаше како што треба. Тоа е дефинитивно нешто на кое ќе треба да работиме и да најдеме начини да бидеме повнимателни, потрпеливи и подобро да се грижиме за топката, кажа по натрпреварот Гарабаја.

Од таборот на хрватскиот шампион не ја криеја радоста за првата победа во Лигата на шампионите.

„Каква игра. На почетокот од мечот реков  дека никогаш  нем сум бил во толку тешка ситуација, но сега чувствувам дека ова беше една од најдобрите победи во мојата кариера. Сите одигравме навистина добро. Морам да го истакнам нашиот голман Сандро Местриќ, кој ги доби сите битки во второто полувреме со ракометарите на Пелистер, практично отворајќи ни ги вратите да ја зголемиме разликата и да ја обезбедиме оваа победа, изјави по мечот левиот бек на Загреб, Јаков Гојун.

Прв стрелец кај македонскиот тим беше Кузмановски со седум гола, а по три имаа Манасков и Видомски. За Загреб прв стрелец беше Главаш со десет гола, а Мештриќ во второто полувреме запиша дури единаесет интервенции. По десет одиграни кола Пелистер останува на четири освоени бода, додека Загреб ги впиша првите два и останува на последното место на табелата. Возбудувањата од Лигата на шампионите се враќаат по два месеци, а прв противник во новата година на пелистерци ќе им биде Висла Плок.

 

ИЗДВОЕНИ