петок, февруари 13, 2026
Дома СВЕТ ЕУ ќе инвестира 17 милијарди во инфраструктурата, зашто тенковите на НАТО не...

ЕУ ќе инвестира 17 милијарди во инфраструктурата, зашто тенковите на НАТО не можат да поминат низ некои тунели, а мостовите може да паднат

204

Тенковите на НАТО не може да поминат низ европските тунели, а мостовите може да се срушат

Европскиот комесар за транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека патната и железничката инфраструктура на Европската Унија не може да обезбедат брзо  преместување на војска и на воена техника во случај на евентуален конфликт со Русија. Затоа, ЕУ ќе инвестира најмалку 17 милијарди евра за нејзина модернизација и приспособување. Според него, тенковите на НАТО, кои може да тежат и до 70 тони, сега не би поминале низ некои тунели, а некои мостови би можеле да се срушат.

– Имаме стари мостови што треба да се обноват, тесни што треба да се прошират, а има и места каде што воопшто не постојат мостови, па мораме да ги изградиме – истакна Цицикостас.

Планирана е модернизација на 500 инфраструктурни проекти, вклучувајќи патишта, мостови и железнички линии, покрај четири главни воени коридори низ ЕУ, чии локации се чуваат во тајност.

ИЗДВОЕНИ