Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) им препорача денеска на авиокомпании од Европската унија до 31 март да го избегнуваат воздушниот простор на Иран поради, како што беше наведено, зголемениот безбедносен ризик за цивилни летови.
„Присуството и можната употреба од поширок спектар на оружје и системи за противвоздушна одбрана, во комбинација со нрепредвидливите реакции на државите создава ризик за цивилните летови кои се вршат на сите висини и нивоа на летање“, се наведува во соопштението на ЕАСА.
Препораката, пренесувс „Ројтерс“, доаѓа во момент на зголемени тензии, додека светските сили и земјите од регионот изразуваат загриженсот дека евентуалниот прекина преговорите меѓу Иран и САД би може да довде до ескалација на судирите и дестабилизација на регионот богат со нафта.
Иран претходно предупреди дека одлучно ќе одговори на секој евентуален напад, како и дека соседните земји од Персискиот залив кои се домаќини на американски воени бази би можеле да бидат изложени на последици доколку би биле вклучени во евентуални воени операции, пренесе „Танјуг“.












