ЕУ го усвои 17-тиот пакет санкции против Русија, ќе следат нови мерки доколку нема прекин на огнот

18
EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската унија го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија, потврди денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, додавајќи дека Унијата сега ќе соработува со САД за воведување дополнителни, построги мерки доколку Москва го отфрли предложеното примирје.

Пакетот санкции беше усвоен еден ден пред планираните директни разговори меѓу Украина и Русија во Турција, објави Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани рускиот претседател Владимир Путин на разговори, со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ