ЕУ го најавува новиот, 19-ти, пакет санкции против Русија на почетокот на септември

40
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека 19-тиот пакет санкции на Европската унија против Русија ќе биде презентиран на почетокот на септември.

„Досега усвоивме 18 пакети санкции и моментално работиме на подготовка на 19-тиот пакет, кој ќе биде презентиран на почетокот на септември. Додека продолжува крвопролевањето во Украина, Европа ќе го одржува дипломатскиот, а особено економскиот притисок врз Русија“, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел.

Таа нагласи, според бриселскиот портал „Политико“, дека досегашните мерки имале ефект врз воените способности на рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека замрзнатите руски средства веќе се пренасочени за поддршка на Украина.

„Мора да го подготвиме 19-тиот пакет за Русија да види дека сме решени. Потребно е да продолжиме да го ограничуваме нејзиниот потенцијал“, рече Фон дер Лајен.

ИЗДВОЕНИ