четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ ЕУ го додаде Корпусот на иранската револуционерна гарда на листата на терористички...

ЕУ го додаде Корпусот на иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации

14

Министрите на ЕУ се согласија да го додадат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГК) на листата на терористички организации, изјави денес шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

„Министрите за надворешни работи на ЕУ штотуку презедоа решителен чекор со тоа што ја означија ИРГК како терористичка организација. Секој режим што убива илјадници свои луѓе работи кон сопствен пад“, напиша Калас на својот профил на платформата „Икс“.

Порано денес, министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нови санкции кон Иран, насочени кон поединци и субјекти вклучени во насилното задушување на демонстрациите и поддршка на Русија.

Со воведување санкции врз ИРГК, ЕУ ја стави Гардата на истата листа како и терористичката организација Ал Каеда.

ИЗДВОЕНИ