ЕУ ги продолжува санкциите против руските функционери: Вкупно 2.500 лица, вклучувајќи го и Путин

17
epa10740903 Estonian Prime Minister Kaja Kalas speaks to the media as she arrives for a second day of the NATO ​summit in Vilnius, Lithuania, 12 July 2023. The North Atlantic Treaty Organization (NATO) Summit takes place in Vilnius on 11 and 12 July 2023 with the alliance's leaders expected to adopt new defense plans. EPA/TOMS KALNINS

Европската унија денес ги продолжи санкциите против стотици руски функционери и субјекти за поддршка на војната на Русија против Украина, објави шефот на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.

„Тукушто ги продолживме санкциите против Русија“, напиша Калас на мрежата „Икс“.

Санкциите, воведени по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, се однесуваат на повеќе од 2.500 руски поединци, субјекти, компании и други, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.

Санкциите предвидуваат замрзнување на средства во ЕУ и забрана за влез на европска територија за поединци.

Тие треба да се обновуваат на секои шест месеци со едногласна одлука на сите 27 членки на ЕУ.

ЕУ, исто така, подготвува 19-ти пакет економски санкции насочени, меѓу другото, кон прекинување на изворите на финансирање на Русија, особено насочени кон нејзината продажба на нафта.

Европската комисија треба да ги презентира мерките на земјите-членки во петок.

Франција и Германија за време на подготвителните дискусии предложија ЕУ да се фокусира на Лукоил, руска нафтена компанија присутна во Европа, како и на неколку актери надвор од ЕУ кои ѝ помагаат на Русија да ја продава својата нафта.

Париз и Берлин, исто така, предлагаат да се фокусира повеќе на финансиските механизми што Русија ги користи за да ги заобиколи западните санкции. Најмалку 250 помали банки се вклучени во финансиски трансакции наменети за поддршка на војната на Русија, се вели во француско-германскиот документ.

САД изјавија дека се подготвени да воведат нови санкции врз Русија и ги повикаа Европејците да дејствуваат самостојно.

Специјалниот претставник на ЕУ за санкции, Дејвид О’Саливан, разговараше за ова прашање со американски претставници во Вашингтон во понеделник.

ИЗДВОЕНИ