Европската Унија ги одложи новите правила за патување за Македонија. Како што појасни министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, системот за влез/излез (ЕЕS) и патната авторизација ЕТIАS се одложени, но Владата е во постојана координација со институциите на ЕУ за целокупниот процес и дека целта е граѓаните да добијат што поедноставни процедури при патување.

Според последните распореди, ЕЕS треба да започне на 12 октомври 2025 година и во рок од шест месеци да се имплементира во 29 европски земји – 25 членки на ЕУ што се дел од Шенген, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Од 10 април 2026 година се планира целосна имплементација, по што деновите на престој ќе се пресметуваат електронски при секое преминување на граница, наместо со физички печати во пасошите. За ЕТIАS, Европската Унија сè уште нема објавено точен датум. Имено, во моментов од патниците не се бара никаква акција, а рокот ќе биде соопштен неколку месеци пред лансирањето

 

Европската Унија ги одложи новите правила за патување за Македонија. Како што појасни министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, системот за влез/излез (ЕЕS) и патната авторизација ЕТIАS се одложени, но Владата е во постојана координација со институциите на ЕУ за целокупниот процес и дека целта е граѓаните да добијат што поедноставни процедури при патување.

Токму новите европски системи ЕЕS и ЕТIАS кои се две одделни, но поврзани поставки што ЕУ постепено ги воведува за управување и контрола на влезот во Шенген-зоната, беа тема на разговорот на Николоски со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Бизнис-заедницата предупреди дека новите правила значат дополнителни обврски, особено за транспортните оператори од земјите што не се членки на ЕУ. Како пример беше посочено ограничувањето според Шенген: професионалните возачи од трети земји може да извршуваат билатерални услуги најмногу 90 дена во кој било период од 180 дена. Николоски, пак, оцени дека во ова нема промена на роковите и дека законодавството останува исто, но оти институциите ќе работат да не се комплицира постапката за македонските државјани и компании.

Според последните распореди, ЕЕS треба да започне на 12 октомври 2025 година и во рок од шест месеци да се имплементира во 29 европски земји – 25 членки на ЕУ што се дел од Шенген, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Од 10 април 2026 година се планира целосна имплементација, по што деновите на престој ќе се пресметуваат електронски при секое преминување на граница, наместо со физички печати во пасошите. За ЕТIАS, Европската Унија сè уште нема објавено точен датум. Имено, во моментов од патниците не се бара никаква акција, а рокот ќе биде соопштен неколку месеци пред лансирањето.

Николоски најави дека ресорното министерство продолжува со редовна комуникација со ЕУ и со националните институции надлежни за европските прашања, за навремено приспособување на процедурите.

– Технологијата напредува и постојниот систем на ЕУ се дигитализира, но од друга страна е важно да не се отежни патувањето на македонските граѓани – истакна Николоски по средбата и најави состанок со евроамбасадорот Михалис Рокас во рамки на тековниот дијалог.

За патниците, ова практично значи дека до стартот на ЕЕS, постапките остануваат исти. По воведувањето, на граничните премини ќе се вршат биометриски и дигитални проверки и автоматска евиденција на влез и излез, што треба да ги зголеми безбедноста и прецизноста на пресметката на дозволениот престој. За ЕТIАS, пак, ќе биде потребна онлајн пријава пред патување, но до официјалниот датум нема дополнителни обврски.

На работната средба се разговарало и за големата конференција за инфраструктура и градежништво, која Комората ќе ја организира кон средината на следниот месец.

ИЗДВОЕНИ