
Трамп објави дека нема да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини
Европската унија е отворена за трговски договор со Соединетите Американски Држави, според кој универзални царини од 10 проценти би се применувале на голем број извозни производи од ЕУ, објави „Блумберг“, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува „Танјуг“.
За возврат, ЕУ бара САД да ги намалат царините во клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.
Во исто време, Унијата врши притисок врз САД да воведат квоти и ослободувања за ефикасно ублажување на царината од 25 проценти што Вашингтон ја воведе за автомобили и автоделови, како и царината од 50 проценти за челик и алуминиум, објавува „Блумберг“.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчович изјави дека во вторник оди во Вашингтон на трговски разговори.
„Апсолутно сме фокусирани на позитивен исход“, изјави Шефчович за новинарите, објави „Ројтерс“.